Не ги заборава македонските корени: Освен спортот, го води и македонското оро како девер на свадба во Австралија!

Светски познатиот борец во мешани боречки вештини, Александар Волканоски, кој е еден од најистакнатите австралиски спортисти, повторно покажа колку е поврзан со своето македонско потекло.
На социјалните мрежи се појави снимка на која шампионот во УФЦ води македонско традиционално оро, опкружен со пријатели и роднини.
Волканоски, кој важи за еден од најдобрите борци во перо категорија во историјата на УФЦ, неколкупати досега јавно зборувал за своето македонско наследство.
Неговите родители потекнуваат од Македонија, а тој со гордост ја истакнува својата врска со татковината на своите предци.
Видеото предизвика големо внимание, особено кај македонската дијаспора, која со воодушевување коментираше дека покрај боречките вештини, Волканоски знае и да ги пренесе традиционалните вредности на своите предци.
Со оваа гест, шампионот уште еднаш покажа дека не заборава од каде потекнува и дека македонската култура и традиција имаат посебно место во неговиот живот.