Не приоѓајте на ожалостените со „прими мое сочувство“: Свештеник откри зошто тоа е погрешно!

Погребите ширум Македонија се проследени со различни обичаи, а начинот на кој им даваме утеха на ожалостените често зборува многу за културата и верата на која ѝ припаѓаме.
Додека многумина од навика ја изговараат реченицата „Прими мое сочувство“, отец Предраг Поповиќ укажува дека ваквите зборови можат да звучат „плитко“ и недоволно утешно во моменти на голема болка.
„Не бидете површни во моменти на тага“
Во своето обраќање на Фејсбук, отец Предраг објасни:
Според него, можеби ожалостениот на почеток ќе биде збунет од ваквите зборови, но нивното значење постепено ќе се открие. Тие носат подлабока порака на вера и надеж во вечниот живот.
Најрадосната вест во моменти на тага
Отец Предраг понатаму објаснува:
Ако Христос воскреснал, и тие ќе воскреснат. Донесов најрадосна вест – дека не умрел, туку дека веќе е во иднината и те чека таму. Дека треба да се надеваш на своето воскресение и повторна средба со него.
Овој пристап, смета отец Предраг, многу посилно им помага на ожалостените, бидејќи им нуди надеж, а не само соучесничко сожалување. Наместо празна фраза, ваквите зборови враќаат смисла и утеха преку верата во нова средба и живот по смртта.
(Espreso/Ona.rs, пренела: Т.Н. превод М.С.К)