ФОТО: МЗТ Скопје немоќен против Морнар во Скопје

Големата доминација на противникот во скок-играта (24-38), како и неговата одлична шутерска вечер беа главните причина за  поразот на МЗТ Скопје во вечерашната пресметка на домашен терен против Морнар (77-94).

Плаво-белите одиграа одлично во првото полувреме, во кое најчесто бевме во водство, на моменти и со осум поени разлика (32-24), но ваквиот ритам не го одржаа и во продолжението. Црногорскиот тим заигра побрзо, нивните најдобри кошаркари, Расел и Михаиловиќ погодуваа во серија, што веќе во третата четвртина им донесе резултатски пресврт. Гостите со серија 14-0 првпат дојдоа до двоцифрена предност, која потоа ја одржаа до крајот. Нашите момци се трудеа, пробуваа да се вратат во игра, но не дојдоа до посакуваната цел.

Бојан Крстевски со 22 поени беше најефикасен во нашата чета, а двоцифрен ефект имаа уште и Мајк Кефи со 14 поени и Војдан Стојановски со 13 поени. Михаиловиќ со 25 и Расел со 22 беа најпрецизни кај Морнар.

Пред МЗТ Скопје е еднонеделна пауза поради настапите на репрезентацијата на Македонија, додека следна јадранска обврска ни е гостувањето кај ФМП на 18 ноември во Белград.