ФОТО: Роналдо се огласи, нема друга опција

Превирањата во Манчестер Јунатед се големи, ова откако Ерик Тен Хаг реши да го исфрли Кристијано Роналдо од првиот тим  на неодредено време поради недисциплината и непочитувањето од страна на„ЦР7“.

Роналдо се огласи преку социјалните мрежи, со коментар на ситуацијата.

„Како што секогаш  во текот на мојата кариера, се обидувам да живеам и играм со респект кон моите колеги, моите противници и моите тренери. Тоа не се променило. Јас не сум се променил. Јас сум истата личност и истиот професионалец што сум бил во последните 20 години играјќи елитен фудбал, а почитта секогаш играла многу важна улога во процесот на донесување одлуки. Почнав многу млад, секогаш важен пример ми беа постарите и најискусните играчи. Затоа, подоцна, секогаш се обидував да дадам пример за младите кои растеа во сите тимови кои ги претставував. За жал, не може да го правите тоа секогаш и понекогаш во момент на жештина не давате најдобра слика за себе. Во моментов, чувствувам дека треба да продолжам да работам напорно во Карингтон, да ги поддржувам моите соиграчи и да бидам подготвен за сè на било кој натпревар. Попуштање под притисокот не е опција. Никогаш не било. Ова е Манчестер Јунајтед, и мора да стоиме обединети. Наскоро повторно ќе бидеме заедно, – порача Роналдо.