ФОТО: Серафимов дел од идеалниот тим на сезоната во Унгарија

Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов, член на Залаегерсег од Унгарија, се најде во идеалниот тим на сезоната  во фудбалското првенство.

Серафимов играше стандардно и добро во  Залаегерсег, често беше и во идеалниот состав на колото, тоа му донесе ново  признание, нашиот репрезентативец е во најдобриот тим на сезоната 2021/2022.

Серафимов запиша  31 настап во првенство, постигна  четири гола. Во идеалниот тим имаше место и екс играчот на на Вардар и Шкупи, Јасир Асани кој го носи дресот на Кишварда.