ФОТО: Вардар го потврди новото засилување, Жилберто Дуарте од Португалија
За следната сезона нов играч во Вардар ќе биде и португалскиот интернационалец Жилберто Дуарте кој потпиша договор со актуелниот македонски првак. Тој игра на позицијата лев бек а доаѓа од екипата на Монпелје од Франција.
Дуарте (197 см. 31 год.) е првиот Португалец што ќе настапува за Вардар. Со Монпелје играше сезонава во Лигата на шампионите и постигна 24 гола. Претходно има настапувано и за екипите на Порто (Португалија), Висла Плоцк (Полска) и Барселона (Шпанија).
Заедно со шпанскиот тим играше и на Ф4 турнирот во Келн во 2019 година кога Вардар ја освои втората и во финалето ја победи токму Барселона.
Покрај во напад Дуарте игра и во одбрана, со што ќе се засили и одбраната на „црвено-црните". Дуарте има 91 настап за репрезентацијата на Португалија и постигнато 283 гола. Сезонава во францускиот шампионат постигна 34 погодоци, а лани постигна 50 гола. .
Дуарте играше и на ЕП 2022 година за Португалија и постигна осум гола. Португалците не ја минаа првата фаза откако од нив подобри беа Холандија и Исланд.
За новата сезона Вардар веќе ги потпиша средниот бек Божо Анѓелиќ од Црна Гора и десниот бек Нејц Цехте од Словенија.
Вардар веќе го освои Купот на Македонија, а има уште две кола до заверка и на 15-та титула во домашното првенство.