Фризер болен од рак мораше да ја избричи главата поради терапијата: Потегот на неговиот колега го расплака цел свет

Фото: TikTok/Screenshoot

Видеото од шпанскиот град Елче го обиколи светот и разнежни милиони луѓе.

Нафтали Мартин е фризер на кој му е дијагностициран карцином и решил да си ја исече внимателно негуваната коса затоа што му паѓа поради терапијата. Тој седна на берберскиот стол и го остави својот колега од салонот и негов пријател Џоел да му ја скрати косата.

Внимателно гледаше како неговиот пријател ја користи машинката за шишање и како му отстранува прамен по прамен, а потоа се случи нешто што не го очекуваше.

Џоел одеднаш ја сврте машинката за шишање кон него и почна да си ја крати косата. Тоа го стори во знак на солидарност кон пријател и колега кој во моментов го поминува најтешкиот период во неговиот живот.

Кога сфати што прави неговиот колега, не можеше да ги контролира емоциите и почна да плаче.


„Ти не си сам“, беа зборовите на мојот голем пријател и соработник, пред да ја избричи главата, велејќи ми дека додека не ми порасне косата, тој ќе продолжи да се шиша повторно со мене, објасни подоцна Нефтали Мартин.

- Џоел не е само мој пријател и соработник, тој за мене е како брат. Те сакам брат, додаде Нефтали во порака.

Видеото беше прегледано повеќе од осум милиони пати на ТикТок, а следуваа бројни пораки за поддршка од трогнатите следбеници.

Во знак на поддршка, сите колеги од салонот ја скратија косата со машинка, покажувајќи на дело што значи солидарност и пријателство.


- Член на нашиот тим минува низ тежок период. Ние сакаме да го надминеме тоа заедно со него. На овој пат тој нема да биде сам. Ние сакаме да покажеме што е вистинско пријателство, затоа што сите сме едно. Во име на сите одлични моменти што ги поминавме и оние што ќе ги минеме, рекоа пријатели и колеги на Нефтали Мартин.


Видео: ТикТок