ФУТСАЛ: Македонија трипати израмни против Италија, на крај загубивме во претквалификациите за СП

Футсал репрезентацијата на Македонија го запиша вториот пораз во претквалификацискиот дел за пласманот на Светското првенство.

Избраниците на селекторот Васко Скендеровски против Италија одиграа одличен натпревар, но загубија со 6-3.

Италија поведе во третата минута преку Чутрупи, следуваше израмнување на Македонија во 6 минута преку Крстевски. Две минути подоцна, во осмата минута Италија поведе 2-1, но ние израмнивме преку Петровиќ на 2:2. До крајот на првиот дел, Италија преку Марсело стигна до ново водство 3-2, резултат по првиот дел.

Ранготов носи трето израмнување во 22-та минута 3-3, но потоа следуваа три гола на Италија за конечни 6-3.

Македонија на 5. март ја очекува дуел против Шведска на домашен терен во Скопје.