„Гаќи како доказ“: Луѓето ширум светот ја закопуваат долната облека во градините, еве зошто
Низ Швајцарија, земјоделците и градинарите закопаа 2.000 пара бела долна облека како дел од научна студија за квалитетот на почвата.
Државниот истражувачки институт Агроскоп им испрати на волонтерите по два пара памучни гаќи да ги закопаат во нивните градини или на нивните имоти.
По одредено време, долната облека била ископана и анализирана за да се утврди нејзината состојба, што дава увид во степенот на разградување на текстилот од микроорганизми. Овој метод стана глобален тренд; имено, Коалицијата за здравје на почвата во Пенсилванија, американска коалиција која вклучува невладини организации, образовни институции и државни агенции, ја препорачува оваа техника за тестирање на почвата. Тие сугерираат дека закопувањето на долната облека во градината може да го открие здравјето на почвата, пренесува јутарњи.хр.
Коалицијата за здравје на почвата во Пенсилванија не е првата организација која го промовира овој метод. Глобалното движење започна во САД и се прошири во остатокот од светот, вклучувајќи ги Австралија, Нов Зеланд и Европа. Овој предизвик беше прифатен од многумина, од поединци до институции, со заедничка цел: да се истакне важноста на квалитетот на почвата и да се подобри.
„Тоа ќе биде показател за квалитетот на почвата“, рече шефот на проектот Марсел ван дер Хејден. Екологистот откри дека слични експерименти веќе биле спроведени во Канада, иако не од овој размер.
Покрај тоа, познато е дека кесичките со чај закопани во земја често се користат во истражувањето на квалитетот на почвата. Волонтерите кои одговорија на повикот на Агроскоп, исто така, ги закопаа стандардните кесички со чај, заедно со памучните гаќи, за да ја тестираат веродостојноста на новиот метод.
Проектот е наречен „Evidence Underpants“. Суштината е во дигиталната анализа на распаѓањето на природните влакна: колку повеќе дупки во долната облека, толку е поздрава почвата. Хајден изјави дека една од целите на студијата е да се прикаже влијанието на ерозијата, прекумерната употреба на ѓубрива и градежништвото врз почвата.
Според експертите на Агроскоп, секоја година се уништува површина два и пол пати поголема од Швајцарија, што ги отежнува земјоделските работи поради неплодната почва.
Фото: printscreen