„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ГО ДОБЛИЖУВА ВРВНОТО ЗДРАВСТВО ДО ПАЦИЕНТИТЕ - Нова можност за избор на специјалист и медицинска услуга по намалени цени

По примерот на европските и светските медицински центри, Клиничката болница „Аџибадем Систина“, од 9 септември, започнува нов пристап на наплата за здравствените услуги. Со овој модел, цената заиста услуга во болницатаќе има две ценовни категории и ќе зависи од изборот на специјалистот, кој ги изведува прегледот или интервенцијата. Поделбата на докторите е направена во согласност со академската титула, долгогодишното клиничко искуство, бројот на изведени процедури,како и достапноста на докторот.
Промената на цените на услугите ќе важи за прегледите и интервенциите што ќе бидат закажани почнувајќи од 9септември. За пациентите што веќе имаат закажано термин за хируршка интервенција пред овој датум, ќе важат цените што биле валидни во периодот на закажување на интервенцијата.
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е дел од втората најголема групација на болници во светот и 25 години е лидер во здравствениот сектор во земјава и регионот. Повеќе од 1 милион регистрирани пациенти зборуваат за довербата во тимот и успехот во лекување на пациентите. Секој пациент, независно од изборот на докторот, добива врвна здравствена нега во согласност со највисоките JCI-стандарди за безбедност и квалитет. Целокупниот тим доктори се внимателно селектирани врвни професионалци, кои работат според светски протоколи, посетуваат континуирани стручни едукации во референтни медицински центри и секој од нив е еднакво посветен на грижата за пациентите. Дополнителна предност во третманот на пациентите е поддршката од целокупниот систем на болницата, можноста за користење на најсовремена медицинска технологија за дијагноза и третман,како и мултидисциплинарен пристап во одлуката за лекување.
Нова патека на прием и насочување на пациентите во Ургентен центар
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствена приватна болница во државата која располага со најсовремен Ургентен центар за возрасни и Ургентен центар за деца, кои обезбедуваат здравствена грижа на итни состојби од сите области на медицината, вклучувајќи над 40 медицински гранки. Почнувајќи од септември, болницата воведува и нова патека на прием и насочување на пациентите во ургентните центри, која ќе овозможи брз и навремен третман по примерот на светските центри за ургентна медицина.
„Аџибадем Систина“ е посветена на постојано подобрување и иновации во здравствената заштита. Ваквиот пристап на лекување, со можност за избор на лекар и цена на услуга, е практика во големите светски реномирани болници како Mayo Clinic, Cliveland Clinic и голем број европски медицински центри, меѓу кои и болниците на здравствената групација „Аџибадем“.Болницата продолжува да ја негува транспарентноста во комуникацијата и го унапредува системот на здравствена грижа, кој во главниот фокус ги става потребите на пациентот.
ПР објава