Геоглифот што го гледате е стар 2.000 години: Зошто баш мачка?

Геоглиф стар две илјади години во форма на мачка е пронајден во 2020 година во перуанската пустина Наска. Цртежот на мачката е долг 37 метри

Геоглифот е слика или голем мотив што е создаден на земја. Поради огромната големина, видливо е само од голема далечина - од воздух.

Постојат два вида геоглифи врз основа на нивното создавање:

1. Позитивен геоглиф кој е создаден со уредување на природен материјал како на пример, камења, чакал, фрагменти од карпи, глина и слично.

2. Негативен геоглиф се создава со отстранување на природниот материјал во областа за да се открие основниот материјал. Затоа, не е изненадување што овој ги издржал временските услови.

Најпознати геоглифи се негативните геоглифи кои се лежат на планината Наска, т.н. Линиите Наска во јужниот дел на Перу се создадени со отстранување на потемниот материјал од вулканско потекло.

Научниците сè уште не можат да утврдат зошто древните латиноамерикански цивилизации ги направиле овие геоглифи.

Некои истражувачи веруваат дека големите цртежи се подарок за боговите во кои верувале нивните творци, додека други научници веруваат дека геоглифите имале астрономска функција и дека претставуваат карта на соѕвездијата или дека биле еден вид опсерваторија што укажува  на местата на небото каде се наоѓаат одредени небесни тела