Забава // Занимливости
Германец е шокиран од цените во Словенија, за капучино платил само 1.70 евра
- 03 Декември, 2025 13:35
Германец кој овие денови престојува во Словенија беше толку шокиран од поволните цени што ја сподели својата ентузијазам во видео на TikTok, кое наскоро стана вирално, пишува Žurnal24.si.
„Цените тука се едноставно неверојатни,” започна Германецот во видеото.
Особено беше изненаден од цената на кафето.
„Платив 1.70 евра за капучино тука. 1.70 евра. Добро слушнавте” рече тој, споредувајќи ги цените со оние во Германија.
„Еспресото чини 2.20 евра. Литар пиво 6.50 евра. Литар. Ова се нашите цени од пред 15, 20 години,” додаде тој.
Ентузијазмот продолжи кога стануваше збор за храната. Тој изјави дека голем бургер чини 7,50 евра, а чизбургер девет евра.
Но, Словенците му укажаа дека и нивните плати се многу пониски од германските.Извор: ФАКТОР