Гужвата тука е огромна, има најмногу туристи од светот! Официјално, најпосетената дестинација е земјата со многу Македонци

Со само околу девет милиони жители, Австрија годишно пречекува приближно 32 милиони меѓународни посетители. Повеќето туристи се фокусирани на главниот град, Виена.

Многу луѓе веднаш помислуваат на Шпанија, Франција или Грција кога ќе помислат на гужви во туризмот, но титулата најпосетувана земја во светот во однос на бројот на жители ја држи Австрија.

Анкетата спроведена од MoneyTransfers.com покажа дека Австрија има најмногу туристи по глава на жител, со дури 3,6 туристи на секој Австриец, што ја става оваа земја на врвот на листата.

Со само околу девет милиони жители, Австрија годишно пречекува приближно 32 милиони меѓународни посетители. Поголемиот дел од туристите се фокусирани на главниот град, Виена, објавува „Мирор“.

Познат како Град на соништата, Виена привлекува посетители со својата барокна архитектура, историски знаменитости и жив ноќен живот. Меѓу најпопуларните атракции се Дворецот Шенбрун, Виенската државна опера и Природонаучниот музеј. Градот е исто така омилена дестинација меѓу нашите иселеници.

Иако Виена е навикната на големи бранови туристи, зголемената популарност на помалите австриски градови почнува да предизвикува проблеми бидејќи многу од овие места не се опремени да се справат со таков прилив на посетители.

Најдобар пример е Халштат, живописен град познат по своите идилични алпски куќи, водопади и солени езера, сместен во подножјето на снежните планински врвови.

Неговата популарност нагло порасна откако се прошири гласот дека токму Халштат послужил како инспирација за кралството во анимираниот филм на Дизни „Frozen“.

Овој мал град под заштита на УНЕСКО, со само 800 постојани жители, годишно пречекува повеќе од еден милион туристи.

Пред пандемијата, до 10.000 посетители поминувале низ неговите тесни улички дневно, што ги натерало локалните власти да се обидат да воведат мерки за намалување на толпите.

Фото: Инстаграм
Извор: Еupravozato.mondo.rs