Ги снимал лекарите за време на операцијата: Кога ја преслушал снимката, ги тужел и добил половина милион долари
Човекот под иницијали Д.Б. од американската држава Вирџинија
неодамна победи во судска постапка и доби 500.000 американски долари, откако го претстави својот запис за разговор на лекар
додека бил на колоноскопија.
Тој го вклучил диктафонот на телефонот со цел подобро да ги запомни упатствата на лекарот за постоперативно закрепнување, но тотално го заборавил, па останал да снима и кога отишол на операција. Кога го слушал материјалот, се зачудил од ужасното однесување на лекарот.
„Пет минути откако разговарав со вас за постоперативниот тек на лекувањето, ми дојде да ве удрам во лице“, му рекол докторот на овој човек, кој во тоа време бил под длабока анестезија. Пациентот имал и осип на раката, а лекарот го предупредил неговиот асистент да не го допира случајно за да не „собере сифилис“.
Потоа следувале „шеги“ на целиот медицински персонал на негова сметка дека тој веројатно имал ебола и туберкулоза на неговиот „алат“. Се разбира, кога пациентот му ги презентирал овие докази на судијата, немало сомнеж дека спорот е добиен, а судијата бил зачуден, коментирајќи дека „никогаш не чул за такво нешто“.
Фото:Pixabay
Moжеби ќе ве интересира:
Исповед: Ќе умрев од сексуално пренослива инфекција а всушност имав рак