Го одврзаа „ќесето“: Безос и Санчез донираа 100 милиони долари за помош на Хаваите

Извршниот дирекот на амазон, американскиот милијардер Џеф Безос и неговата вереница Лорен Санчез дадоа ветување дека ќе донираат 100 милиони долари на хавајскиот остров Мауи погоден од силните пожари.

Како што пренесуваат медиумите тие основале фонд за Мауи, со цел да помогнат на осторовот во следите години.

-Нашите мисли се со сите семејства кои изгубија речиси се но и со заедницата која е уништена, изјавиле Безос и Санчез во заедничката изјава на Инстаграм.

Парот во заедничката потенцирал дека се тажни поради уништувањето на оваа убавина.

Неколку познати личности му честитаа на парот за нивната дарежливост во коментарите, меѓу кои и пејачката Кети Пери и дизајнерката Рејчел Зои.

За потсетувње, најмалку 89 лица загинаа во пожарите на хавајскиот остров Мауи, оставајќи илјадници жители без покрив над главата, а срто тоа е последица на природната катастрофа.

Фото:youyube/screenshot