Го прашаа Бил Гејтс што ќе стори со два долари: Неговиот одговор ќе ве шокира

Бил Гејтс, како најбогат човек на планетата, но и еден од водечките филантропи во светот, помина многу време работејќи и помагајќи им на сиромашните во Африка, па затоа тој го знае најдобриот начин како да живее со само два долари на ден

Иако има пари и повеќе отколку што може да потроши, Бил Гејтс е човек кој се обидува да ни објасни како сите можеме да живееме со само два долари на ден. Гејтс, како еден од водечките филантропи во светот, помина многу време работејќи и помагајќи им на сиромашните во Африка, па затоа тој го знае најдобриот начин како да живее со само два долари на ден. Во текст што го објави на својата страница, Гејтс понуди неколку „трикови“ кои можат да ви помогнат да живеете со само два долари на ден.

„Така би сторил - би одгледувал кокошки“, рече Гејтс, а потоа ја објасни својата одлука. Како прво, тие се лесни и евтини за згрижување, објаснува Гејтс, а исто така можат да помогнат во одржување на здравјето на децата бидејќи тие се непроценлив извор на храна.

Јајцата можат да помогнат во борбата против неухранетоста, но постои и можност за продажба на јајцата, продажба на кокошки, а потоа и купување храна со тие пари. На крајот, кокошките се добра инвестиција, а Бил Гејтс се обидува да ни докаже дека е еден од најдобрите претприемачи во светот.

„Да претпоставиме дека еден фармер започнува со пет кокошки. Еден од соседите има петел што може да помогне во добивањето на јајцата од кокошките. По три месеци, земјоделецот може да има дури 40 кокошки. Конечно, продажна цена од пет долари за пиле, што е типична во Западна Африка, може да доведе до заработка од над 1.000 американски долари годишно “, објаснува Гејтс.

Фото: PIXABAY