ГО ПРЕЖИВЕА КОРОНАВИРУСОТ: ИТАЛИЈАНЕЦ раскажува за ужасот

Италијанецот Фаусто Русо кој има 38 години и го преживеал коронавирусот, го раскажа своето искуство. 

Вели дека вирусот му помогнал да ги цени малите нешта, шетање, дишење, чаша вино. 

„Она што се случува надвор од вашата соба, лекарите ве прегледуваат, но имате минимален контакт со другите. Многу сте осамен, семејството и пријателите не можат да бидат до вас, а клучот е да бидете трпеливи. Ова искуство ми го смени животот", рече Русо.

Во Италија се потврдени 6.153 нови случаи, а 662 лица починале вчера. Вкупниот број на починати во земјата достигна 8.165. 

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 488.055 луѓе заразени со новиот коронавирус, од кои починале 22.049.