Го продава целиот имот, а само што го прогласија за четврт најбогат човек во светот: Илон Маск е чудо
Пара на пара оди!!!
Откако пред извесно време објави дека ќе продаде сè што поседува од куќи, американскиот милијардер и основач на компанијата Тесла, Илон Маск вели дека не му требаат такви зданија.
Цената само на последните две куќи кои ги продаде изнесува 39,5 милиони долари.
Но, ова очигледно не го прави за пари. Има преку 20 куќи ширум светот.
Инаку, само што изби на четвртото место на листата на најбогати луѓе во светот.
Дури и со големата криза поради пандемиите, Тесла и Маск сепак имаат прилично добра 2020 година. Акциите пораснаа за 13% помагајќи му на неговото богатство да достигне околу 90 милијарди долари. Тој исто така е основач на ракетната компанија „Спејс Екс“, која утрово донесе четири астронаути на Меѓународната вселенска станица.
Маск ќе добие рекорден бонус од 55,8 милијарди долари доколку „Тесла“ стане компанија од 650 милијарди долари до 2028 година. Таа моментално има пазарна вредност од околу 400 милијарди, со што е број еден меѓу автомобилските компании, иако произведува мал број автомобили. Се очекува „Тесла“ да испорача 500.000 возила оваа година, наспроти десетте милиони на „Тојота“.