ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА ВО НАЈАВА НА НОВАК ЃОКОВИЌ, 20 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ И СПОРТСКИ ЦЕНТАР - еве на која планина ќе гради

Новак Ѓоковиќ, познатиот светски тенисер од Србија, има планови да искешира дури 20 милиони евра за луксузен хотел и еден од најголемите спортски центри во регионот, на планината Гоч, дознава Ало.

Како што за тој медиум открил добро информиран извор, Ѓоковиќ на овој чекор се одлучил пред нешто повеќе од два месеци, а изградбата на престижниот имот се очекува на крајот на годината.

- Ѓоковиќи обожаваат планини и често ги посетуваат. Отсекогаш сакале да имаат своја оаза на голема надморска височина и да создадат престижен спортски центар кој ќе ги има сите удобности што му се потребни на Новак за време на тренинзите и одморот. Пред неколку месеци имаа можност да купат огромна парцела на планината Гоч, а Ноле тоа го сфати како знак дека е време да го оствари својот сон и да инвестира во изградба на спортски комплекс - изјавил извор. Повеќе на Фактор.мк


Фото: Инстаграм