ГОЛЕМА НАГРАДНА ИГРА: “Со Mastercard® на УНИБанка плати и стан фати!”

Да се дојде до стан на атрактивна локација во Скопје никогаш не било полесно! Доволно е како физичко лице да користите картички од брендот Mastercard®издадени од УНИБанка и да се вклучите во големата наградна игра. Правилата за учество се едноставни. Во период од 21.06.2023г. до 21.09.2023г. со секое плаќање од минимум 1.000 денари, на сите продажни места или при плаќање на интернет во земјата, имате можност повеќе за награда и тоа: со дебитна картичка една, додека со кредитна картичка двојна шанса.

Ќе се согласите, ова е нешто навистина атрактивно и мотивира брзо да отидете во некоја од експозитурите на УНИБанка и да извадите картичка од брендот Mastercard®, ако не сте нивен корисник.

Стан во Скопје, надвор од градскиот метеж, на само 5км од центарот на градот. Со непосреден излез на булевар, неколку минути оддалеченост од трговски центри, маркети, училишта, детски градинки, од велосипедската и пешачката патека на кеј.

Совршена локација за Вашиот нов дом!

Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица - државјани на Република Северна Македонија кои се корисници на картички од брендот Mastercard® (Mastercard® Debit - дебитна и дебитна стикер картичка;  Mastercard® Standard - кредитна картичка и  Mastercard® Gold - кредитна картичка) издадени од УНИБанка.

Извлекувањето на наградата ќе се изврши на 27.09.2023 година, по принципот на случаен избор со помош на компјутерска програма. Добитникот ќе биде објавен на интернет страната на УНИБанка и во еден дневен весник, во рок од три работни дена од извлекувањето на наградата.

Ова не се пропушта. Јас ја менувам картичката со Mastercard®картичка од УНИБанка, не знам за Вас!

Повеќе информации за правилата на наградната игра на www.unibank.mk


ПР објава