Голораки шампион, модна икона: Славески позираше со коњ и ги остави сите без зборови
 
                    Македонскиот спортист Славески, кој својата спортска кариера ја изгради во САД, важи за едно од најпознатите имиња во голоракиот бокс.
Иако живее и настапува преку океанот, никогаш не пропушта да потсети од каде доаѓа – секогаш со гордост ја истакнува Македонија како своја татковина.
Неговите борби во американските рингови му донесоа почит и респект, а кариерата му се развива во нагорна линија. Сепак, Славески неодамна изненади со нешто поинакво – фотосесија со коњ, која предизвика големо внимание на социјалните мрежи.

Фотографиите, кои зрачат со моќ и самодоверба, добија бројни позитивни коментари како од македонските следбеници, така и од публиката во САД.
„Изгледаш како вистински шампион, не само во спортот, туку и во стилот“, напиша еден од фановите. Други коментираа дека Славески има изглед достоен за модни кампањи и дека би можел подеднакво успешно да се докаже и во светот на модата.
Со спортска дисциплина и посветеност, но и со харизма што плени и надвор од рингот, Славески успева да ги спои двата света – спортот и стилот. Тој е пример како еден спортист може да биде амбасадор на својата земја и на спортските арени, и во јавниот живот.
 
                     
                