Спорт // Спорт
Гостивар ја доби казната, минус на бодовното салдо и парична казна
ФФМ ја одреди казната за Гостивар повод пријавата и жалбата на ФК Вардар а во врска со спорната регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски од ФК Гостивар кој настапи за тимот на мечот со ФК Пехчево.
ФК Гостивар е казнет со одземање на три бода и парично 1000 евра, сега Гостивар, Вардар и Воска имаат по 40 бодови.
ОДЛУКА:
- ФК Гостивар се казнува со одземање на 3 (три) бода и парична казна од 1000 евра поради сторен дисциплински прекршок поврзан со регистрација на фудбалерот Гордијан Христовски;
- На фудбалерот на ФК Гостивар, Гордијан Христовски му се изрекува дисциплинска мерка - забрана на настап во период од шест месеци поради сторен дисциплински прекршок - член 84, став 1, алинеа 6 од Дисциплинскиот правилник;