Новиот автопат „Е39“ во Норвешка ќе минува од Кристијансанд на југот на земјата до Трондхајм на северот. Новата рута на многу подобар начин ќе го поврзува регионот – ќе се градат нови мостови и тунели под Фјордовите и под нивото на морето. Поради теренот, проектот вклучува дури и изградба на пловечки подводни тунели.
Не само поради „големото заобиколување“, туку и поради емисијата на штетни гасови, од норвешката влада одлучија да го решат проблемот и неодамна го претставија најголемиот инфраструктурен проект во историјата на оваа земја – автопатот „Е39“.