Хамилтон брилијантен: Триумф за паметење
Луис Хамилтон победи на трката за Големата награда на Штаерска.
Тој од почетокот до крајот возеше соло-трка. Второто место му припадна на Валтери Ботас, а третото на Макс Ферстапен од Ред Бул.
Но, за петтото место настана вистинска мешаница за на крајот петти да биде Ландо Норис од Мекларен . Норис во последниот круг ги мина најпрвин Дани Рикардо, Ленс Строл и на крајот Чеко Перез.
Перез од Рејсинг Поинт е прогласен за возач на денот бидејќи трката ја започна од 17 позиција.
Деветти и десетти беа Карлос Санц од Мекларен и Данил Квјат од Алфа Таури. Саинц освои и поен плус бидејќи го имаше најбрзиот круг во трката 1:05.519 минути.
Трката ја обележа и катастрофата на Ферари. Во третиот свиок на стартот Леклер го исфрли Фетел од трката, а потоа и самиот во седмиот круг се откажа.
Наредната трка се вози наредниот викенд во Унгарија.