Хари падна: Британската јавност го тргна од тронот на најомилен член на кралското семејство
Во измерување на силата на двете кралски снаи, победата ја однесе Кејт Мидлтон која се најде на четвртото место на оваа листа. За британската јавност немало сомневања: војвотката од Кембриџ ги освоила со својата грациозност, лежерност и грижливост, а многу забележале дека едноставно блеска и изгледа најдобро досега. Но, за нејзината јатрва, војвотката од Сасекс нема добри вести. Иако Меган успеа да го задржи минатогодишното шесто место по популарност, забележи зголемување на негативните коментари на своја сметка. И се замеруваат нејзиното непочитување на кралските правила и криењето на малиот Арчи од јавноста. Таа е единствен член на кралското семејство кое бележи пораст на негативните коментари, па не би требало да не чудат озборувањата дека таа сака на некое време со семејството да замине во Лос Анџелес, далеку од очите и критиките на британската јавност.
Целиот текст прочитајте го тука.