Хавзипашините конаци во Скопје: Најраскошната и најмонументална отоманска градба

Хавзипашините конаци — коплекс на конаци во селото Бардовци крај Скопје. Објектот е вклучен во Списокот на Културно наследство на Македонија. Македонскиот филм „Големата вода“ бил снимен тука.

Изграден е на чифликот на Хавзи-паша во периодот помеѓу 1830 и 1845 година. Комплексот го сочинуваат три делови со згради и дворишта оградени со ѕидови од камен, засилени со осум одбранбени кули. 

Во средишниот двор се наоѓа селамлукот во кој престојувал пашата со машкиот дел од семејството. На источната страна бил харемлакот со женскиот двор во кој се наоѓала зграда за кујна и за послугата. 

Меѓу двата конака е ризницата за чување на богатството и оружјето на пашата, поврзана со дрвен мост. Крајниот дел е за економија, со коњушница и поило. 

Двата конака се симетрични со приземје и кат. Внатрешноста на зградите била украсена со боена декорација по ѕидовите и со тавани во резби.

Во 2009 година започнат е проект за обнова и реставрација на Хавзипашините конаци, каде што ќе биде сместен националниот филмски фонд на Кинотеката на Македонија.