Хидрогенска или атомска бомба: Која е разликата?
Ви ги претставуваме основните разлики меѓу најмоќните оружја во историјата
Хидрогенска бомба е позната и како термонуклеарна бомба Но, во што е разликата со атомдката бомба?
Детонација
Основата разлика меѓу хидрогенска бомба и атомска бомба е во процесот на детонацијата. Кај атомската бомба, како оние фрлени врз Хирошима и Нагасаки, експлозивната моќ е резултат на огромно испуштање на енергија со делењето на нуклеусот на тежок елемент, како што е плутониумот. Процесот е познат како фисија. Години по развојот на првата атомска бомба во Њу Мексико, САД развија оружје кое се засноваше врз технологијата на атомската бомба, но со проширен детонациски процес со цел да се креира посилна експлозија. Тоа оружје се нарекува термонуклеарна бомба.
Облик
Кај термонуклеарната бомба, процесот на детонација се состои од неколку делови, почнувајќи од детонацијата на атомската бомба. Првата експлозија создава температура од милиони степени, што дава доволно енергија да ги принуди двата нуклеуса да се комбинираат во втора фаза позната како фузија. Според експертите, последната бомба на Северна Кореја покажала голема разлика од претходните, а постепениот процес на експлозијата сугерира дека станува збор за хидрогенска бомба на две нивоа.
Јачина
Силината на термонуклеарната бомба може да биде илјадници пати посилна од онаа на атомската бомба.
Експлозивната моќ на атомската бомба честопати се мери во килотони, односно илјада тони ТНТ, додека силината на термонуклеарната бомба се мери во мегатони, односни еден милион тони ТНТ.