Храброст или лудило: Камионот се запалил, а возачот додава гас! (ВИДЕО)

Возачот на камионот чиј камион се запали во тунелот успеа да ја задржи својата присебност. Со храбра реакција, тој спаси неколку десетици луѓе од сигурна смрт.

Бог ги штити храбрите, лудите и децата, е правило што важи од памтивек. Безброј пати се покажа дека е суптилно точно. Претпоставувам дека така преживеал кинескиот возач на камион, чиј камион се запалил додека се возел, на сред тунел. Неговата реакција беше дефинитивно храбра, но беше и малку луда. Иако ... немал многу избор.

Хао Веи од Кина возел камион, кога одеднаш се запалила приколката додека бил во тунелот. Свесен дека камионот може да експлодира и дека тунелот во кој има повеќе возила може да се сруши, храбриот Веи притиснал на гаста.

Тој возел со огромна брзина се додека не излегол од тунелот, а потоа го запрел камионот и истрчал од кабината, бегајќи од огнот колку што го носат нозете. Од камионот не останало ништо додека да дојдат пожарникарите. Благодарение на храбрата реакција на камионџијата, никој не е повреден.



Видео и Фото:Youtube

Можеби ќе ве интересира:

(ВИДЕО) Ваков пат не сте виделе: Изградија кружен тек на дното на Северниот Атлантски Океан