И Дубровник беше на листата на загрозени светски вредности на УНЕСКО- се избори: Охрид добива уште една шанса
Дубровник, „Бисерот на Јадранот“, сместен на далматинскиот брег во Хрватска, стана важна медитеранска моќ од 13 век па наваму. Иако беше сериозно оштетен од земјотресот во 1667 година, Дубровник успеа да ги зачува своите прекрасни готски, ренесансни и барокни цркви, манастири, палати и фонтани. Повторно оштетен во 90-тите години од вооружен конфликт, сега е во фокусот на најголемата програма за обновување, координирана од УНЕСКО. Беше на листата на загрозени светски вредности на УНЕСКО од 1991 до 1998 година.
Градот успеа да се избори и го нема на листата на загрозените. Тоа најмногу се должи на серизната политика која овозможи непречено да се заштити градот од секаков вид нелегални и диви градби, а тоа беше и е регулирано со закон. Ниту смее да се гради нешто кое не соодејствува со стандардите на стариот град ниту пак смее да преземаат иницијативи за нешта кои ја загорозуваат неговата автентичност. Токму затоа, Дубровник стана мека за туристите но и за филмаџиите, светскиот џет- сет и бизнисмените.
Во 1979 година, Комитетот на УНЕСКО одлучи да го запише Охридското Езеро на списокот на светско наследство според природни критериуми. Во 1980 година, ова беше проширено за да ја опфати културната и историската област и беа додадени културни критериуми.
Македонија ќе добие дополнителен рок од две години за имплементација на препораките на УНЕСКО (до 2023 г.), со што Охридскиот регион засега нема да биде впишан на Листата на светски културни и природни наследства во опасност, дознава “360 степени”
Преговорите меѓу двете групи држави со спротивставени ставови завршиле со компромис, а официјалната одлука на Комитетот на УНЕСКО, по вчерашното одлагање, се очекува да биде донесена во текот на утрешниот денОхридскиот регион, сепак, ќе добие уште една шанса пред евентуално да биде ставен на Листата на светски културни и природни наследства на УНЕСКО во опасност.
Преговорите меѓу државите со спротивставени ставови во кинескиот град Фуџоу во Кина, каде се одржува 44. сесија на Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) завршиле, а според информациите на „360 степени“, договорено е земјава да добие уште две години рок за да ги имплементира препораките за задржување на статусот на Охридскиот регион. Одлуката треба официјално да биде донесена утре.
Според извор вклучен во преговорите, компромисот предвидува прецизна листа на обврски и рокови за нивно извршување, како и строг надзор од УНЕСКО.
Ова следува откако вчера немаше консензус за да се изгласа предлог-одлуката Охрид да биде ставен на Листата на светски културни и природни богатства во опасност.