И кај нас го има, изгледа страшно, но одговорот ќе ве изненади

Нивниот изглед ќе ве исплаши

Кога прв пат ќе ги погледнете ќе ве потсетат на прсти од мајмуни, особено од шимпанзата, лангурите, па дури и горилата, но всушност станува збор на нешто сосема друго.

Сусанта Нанда од Индиската шумска служба објави фотографија од необичните „сиви прсти“, а неговата објава брзо стана вирален хит на социјалните мрежи.

Неговите корисници погодуваа за кое животно се работи, а потоа почнаа бројни шпекулации. На фотографијата се гледаат сиви „нокти“ кои ѕиркаат од под дрвото. Сите тие одговори беа неточни.Откако никој не можеше да открие за што всушност се работи, Нанда објави дека се работи за печурки наречени трупни прсти. Ова необично име го добиле затоа што изгледаат исто како прстите на мртвите, а секогаш тие растат од две до пет печурки заедно. Застапени се во шумските предели, а најчесто растат од паднати стебла и скапани трупци, особено кај бука и даб.

Фото: Твитер