Не сте задоволни од своите примања и би сакале дополнително да заработите, но немате сила да извршувате две работи? Во тој случај, решение се пасивните приходи.
Тоа значи дека нешто ќе направите еднаш, а од тоа добивате пари во месеците или дури годините кои доаѓаат, а да не мора ништо дополнително да работите.
Тоа може да биде правење апликации, пишување книги, продажба на фотографии.
Видео на Јутјуб
Овој вид на бизнис бележи рапиден раст. Можете да снимате видео во било која област која ве интересира и да го ставите на Јутјуб. Потоа снимките ги поврзувате со AdSense на Гугл, кој од вашите снимки автоматски ќе повлече огласи. Кога гледачот ќе кликне на огласот, ќе заработите и од AdSense
Партнерски маркетнг
Овој вид на стекнување пасивни приходи е најпогоден за луѓе кои имаат блог и активни сајтови. Можете да се пријавите за промоција на одредени производи или услуга на вашиот сајт, за што ќе бидете паушално платени или ќе добиете процент откако биде завршена продажбата. Можете да се пријавите директно кај продавачите, или со посредство на одредени сајтови, како што е ClickBanк.
Продавајте фотографии на интернет
Сакате фотографии? Во тој случај би можеле да го претворите хобито во извор на пасивни приходи. На сајтовите за фотографија, како што се Shutterstock и iStockphoto, можете да добиете информации за платформи на кои може да ги продавате своите фотографии. Ќе ви понудат или процент или паушален надомест за секоја продадена фотографија.
Купете блог
На интернет секоја година се појавуваат илјадници блогови, а исто толку после извесно време се гасат. Купувањето на блог кој имал солиден број читатели со одговарачки паричен прилив, би можело да биде совршена шанса да дојдете до извор на пасивен приход. Блоговите обично се продаваат 24 пати поскапо од нивниот месечен приход. Според тоа, ако сајтот генерира приход од 250 долари месечно, веројатно ќе можете да го купите за 3000 долари. Во превод: Со инвестиција од 3000 долари купувате прилив од 1500 долари годишно.
Сајт за продажба на одреден производ
Доколку постои производ за кој знаете доста, можеби можете да го продавате на сајт наменет за тоа. Постапката е иста како кога продавате сопствен производ. После извесно време ќе можете да сфатите дека можете да продадете уште некој сроден производ, со самото тоа ќе остварите дополнителни приходи.
Напишајте книга и наплаќајте проценти од продажбата
Бидејќи сте вложиле труд и работа да напишете книга, која ќе се најде во продажба, таа станува целосно пасивен извор на приходи. Ова посебно важи ако му продавате книга на издавач кој ќе ви плаќа процент од дистрибуција и продажба. Доколку е популарна, процентите ќе бидат значајни, а најдобро од се е што може да трае со години.
Направете апликација
Апликациите можат да бидат исклучително богат бизнис. Замислете колку луѓе денес имаат паметни телефони. Луѓето непрекинато симнуваат апликации од оправдани причини, затоа што им го олеснуваат животот. Кодирањето можете да го научите, а ако тоа не го сакате, можете да ангажирате некој да ви направи апликација врз основа на вашата идеја. Тоа веројатно скапо ќе ве чини, но апликацијата ќе изгледа професионално.