Илиевски: Дуелот со Брегалница за нас е како финале во Купот на Македонија
Денес се играат четвртфиналните пресметки во Купот на Македнија, се игра еден натпревар, а во Струга гостува Брегалница.
Струга е е лидер во ПМФЛ, мал фаворит на оваа средба, а Дарко Илиевски од таборот на домашните го најавува овој меч како финале за нивната екипа.
„Натпреварот со Брегалница за нас ќе биде како едно финале, имајќи в предвид дека се игра само еден меч. Имаме квалитетен тим и верувам во моите соиграчи, така што се надевам дека на крај заедно ќе се радуваме. Играме на домашен терен и мислам дека за нас тоа е мала предност. Добро го познаваме нашиот противник, се работи за квалитетен тим, но се надевам дека со добра игра и позитивен резултат ќе ги израдуваме нашите симпатизери”, изјави Илиески.
Натпреварот во Струга на „Градскиот стадион“ започнува од 13 часот.