Има 31 година, но сака повозрасни партнерки: Најстарата со која бил имала 91 (ВИДЕО)

Фото: Youtube/screenshoot

Неговите пријатели се обиделе да го убедат да започне да излегува и со млади девојки, но како што вели, тоа не го интересира

Кајли од Питсбург се опишува себеси како човек кој е „зависен од излегување со постари жени“. Тој за телевизијата ТЛЦ откри дека кога имал само 18 години, излегол со жена која имала 50 години, пренесува „The Sun“.

Сега, кога има 31 година, тој вели дека неговата партнерка мора да има најмалку 60 години, а пред некое време дури и бил со партнерка која имала 91 години.

- Првиот пат кога сфатив дека ме привлекуваат постари жени, имав само 12 години, бев во шесто одделение. Ни предаваше згодна наставничка која беше над 60 години. Сексот со постари жени е подеднакво страствен како и со помладите, тие можат да уживаат исто толку.

Неговите пријатели се обиделе да го убедат да започне да се гледа со помлади девојки, но, како што вели, тоа не го интересира.

„Не дека не сакам девојки на моја возраст, но тие не се доволно зрели“, рече Кајли.



Видео: Youtube