Иновативно решение на германска пиварница: „Литар пиво за литар масло“
Една
пиварница во Минхен најде нов
начин како да го надмине недостигот на масло за јадење во Европа. Нивните гости
го плаќаат пивото со сончогледово масло.
Со оглед на тоа што Украина и Русија сочинуваат околу 80 отсто од светскиот извоз на сончогледово масло, многу европски земји се соочуваат со недостиг на масло откако Русија ја нападна Украина.
Менаџерите на пабот „Giesinger“ во јужниот дел на Минхен мислат дека го имаат одговорот со тоа што на љубителите на пивото ќе им понудат да платат литар од омилениот пијалок со литар масло.
„Ни снема масло во кујната и моравме да бидеме инвентивни“, изјави менаџерот Ерик Хофман за Ројтерс.
Досега собрале 400 литри масло за готвење.
Литар пиво чини седум евра во германските пабови, додека литар масло во продавниците чини 4,5 евра, што ја прави понудата на овој паб примамлива.
Фото: unsplash