Инстаграмот моделот за лајкот од папата: Ми донесе 600.000 нови фанови
Папата Фрањо се најде во центарот на вниманието кон средината на ноември кога британските медиуми објавија дека од неговиот официјален профил на Инстаграм е лајкувана фотографија на бикини моделот Наталија Гарибото.
Наталија потоа објави принтскрин на кој се гледа дека нејзината фотографија ѝ ја лајкнал профилот под назив „franciscus“, што е корисничко име на папата Фрањо.
Откако тој принтскрин „протече“ во јавноста, лајкот исчезна, а Наталија призна дека публицитетот и донел дури 600.000 нови следбеници на Инстаграм поради Папата. Таа исто така откри дека сега заработува повеќе пари, пишува Пејџ Сикс.
Таа вели дека е религиозна и дека оди во црква и дека се шокирала кога го видела лајкот од папата. Мислеше дека тоа е „голема работа“, но се чини дека реши да ја разгледа целата ситуација претприемачки. Манекенката живее во Мајами и претежно позира во костими за капење.
Но, ова не е единствен случај. Странските медиуми неодамна објавија дека од профилот на Папата е лајкувана фотографија од друга манекенка - Маргот Фокс.
„Еј, тоа сум јас“ - напиша Маргот покрај принтскринот на кој се гледа слично, но не е познато дали фотографијата навистина добила лајк од официјалниот профил на папата Фрањо или некој го фотошопирал принтскринот за да изгледа како да е така.