Интересно размислување на жена, непозната тежина: Јас сум кит, а не сирена

На влезот во теретана имало фотографија од многу слаба и згодна жена.

Подолу било напишано:

„Дали ќе бидеш сирена или кит ова лето?

Една жена, не знаеме колку била тешка, одговорила:

„Драги луѓе, китовите секогаш се опкружени со пријатели - делфини, моржови и љубопитни луѓе. Тие се сексуално активни и ги воспитуваат своите деца со неверојатна нежност и љубов. Тие се забавуваат, играат и јадат многу ракчиња. Тие пливаат цел ден и патуваат до фантастични места како Патагонија, Северните мориња и коралните гребени на Полинезија. Тие пеат одлично, а понекогаш има и ЦД-а со нивните песни. Тие се импресивни и сакани животни кои сите ги штитат и негуваат.

Сирени нема. 

Но, кога би постоеле, тие постојано би оделе кај психолози со проблемот на „поделена личност: жена или риба? Немаше да имаат секс и да раѓаат деца. Да, тие би биле многу убави, но тажни и осамени. И тие би мирисале на риба. Без сомнение, повеќе би сакала да бидам кит. Во моментите кога медиумите ни кажуваат дека само слабото е убаво, повеќе сакам да јадам сладолед со моите деца, да вечерам со сопругот и да пијам со пријателите. Ние жените се дебелееме од различни причини, но понекогаш тоа е и поради многу мудрост и знаење кое не може да ни се собере во главата, па се шири низ телото. Не сме дебели, дотерани сме и секогаш кога ќе ја видам мојата обилна фигура во огледало си велам: „Добро се чувствувам затоа што вежбам редовно, а не затоа што сум слаба“.