ИНТЕРВЈУ АРГИР: НЛБ Банка ќе продолжи да кредитира и да ги поддржува фирмите повторно да ги заживеат бизнисите

Над 120.000 граѓани кои имале кредити во НЛБ Банка ја прифатиле понудата да не ги враќаат кредитните рати во период од шест месеци согласно понудата на банката, а тоа го сториле уште 703 фирми кои вработуваат околу 30.000 лица. Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка во интервју за Фактор вели дека банките максимално им излегле во пресрет на засегнатите граѓани и фирми во време на силни предизвици поради пандемијата со Ковид-19. Аргир вели дека банките во перидот по укинувањето на вонредната состојба ќе имаат значајна улога во заздравувањето на домашната економија. Затоа, вели, откажувањето од каматите во време кога не се враќаат ратите за банките не било опција. Во следниот период можно е влошување на кредитното портфолио поради кризата, но Аргир вели дека НЛБ банка е стабилна, има пари за кредитирање на стопанството и ќе ги поддржи фирмите да ги рестартираат бизнисите.

Иако спласна гласноста во јавноста, остана дилемата за тоа како домашните банки успеаја да ја структурираат понудата за граѓаните и фирмите во однос на понудениот грејс - период на плаќањето на кредитите, особено од аспект на наплатата на каматите во време додека трае периодот во кој не се плаќаат ратите.Не можевте ли во вакви услови, кога кризата се чини ќе има тешки последици да покажете поинаков пристап, па да се откажете од дел од овие приходи?

Аргир: Понудата за одложено плаќање на кредитните обврски на клиентите на банките беше изработена во заедничка комуникација, соработка и согласност меѓу банките, Македонската банкарска асоцијација, Народната банка, како и сите надлежни институции во државата. Целта на оваа понуда е да им се олесни финансискиот товар на  граѓаните и фирмите – корисници на кредит, во една од најголемите светски кризи. Согласно понудата, на клиентите им беше овозможено да ги одложат своите кредитни обврски во период до 6 месеци, односно до 30.9.2020година. При тоа, во овој период, односно во периодот на одложено плаќање, клиентите не треба да ги плаќаат своите обврски,а Банката ќе пресметува камата за кредитниот продукт, но истата нема да ја наплаќа...

Целото интервју можете да го прочитате на ФАКТОР