ИНВАЗИЈА НА КРОКОДИЛИ - ШТО СЕ СЛУЧУВА?! Луѓето во паника, видеа од рептили кружат на Интернет, ги има стотици (ВИДЕО)

Видеата на кои се гледаат стотици крокодили на плажа во Бразил станаа вирални!

Плажа во Бразил е преплавена со крокодили, а едно лице сугерира дека за тоа може да се виновни климатските промени. На еден брег се снимени огромни влекачи, се претпоставува дека ги имало илјадници, а оваа појава предизвикала страв и паника кај локалното население.

Видеото од крокодилите на плажа беше поставено на Твитер и веднаш стана вирално, собирајќи речиси четири милиони прегледи.

Кен Рутковски, кој го постави видеото, тврди: „Во Бразил има инвазија на крокодили кои поплавија една од плажите, веројатно илјадници, а локалното население е во паника“. И покрај фактот што видеото се рашири молскавично на социјалните мрежи, многу луѓе во коментарите се сомневаат во валидноста на тврдењето дека крокодилите ја „нападнале“ плажата и дека оваа појава е ненормална.

Според еден корисник, одредени информации за крокодили не биле споменати во објавата. „Тоа се „iacare“ кајмани и како и другите крокодили, и тие се ектотермични или „ладнокрвни“. За да ја подигнат својата телесна температура доаѓаат на копното, и се изложуваат на директна сончева светлина. Според ова, оваа не е плажа каде што се бањаат луѓе, како што е прикажано во подолгите верзии на видеото“.

Друг корисник дал дополнителни информации за локацијата на која биле видени суштествата. „Ова е во мочуриштата Пантанал во Бразил, кои се околу 10 пати поголеми од Еверглејдс и дом на 10 милиони кајмани, кои се крокодили кои се собираат околу водата за време на сушната сезона за да ловат риба и да се разладат“, се вели во твитот. Корисникот на Твитер по име „DrVildlife“ ги повтори мислите на другите велејќи: „Ова не е инвазија, локалното население не треба да паничи. Оваа „плажа“ е дел од Пантанал, најголемото тропско мочуриште“.

Погледнете го видеото:


Фото и Видео: Youtube