„Испив 100 чаши“: Ова е урнебесно! Советничката се обиде да му ја земе чашата со вино на Вучиќ

Во Белград се одржа саемот „Винска визија на отворен Балкан“, а домаќин на лидерите на Албанија, Северна Македонија и Црна Гора беше претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на првиот меѓународен саем за вино не ја криеше љубовта кон виното. Имено, на одредени српски телевизии гледачите можеа да го видат Вучиќ како дегустира вино повеќе од еден час. Самиот Вучиќ се пофали дека може многу да пие.

„Немојте повеќе, ми бројат луѓето, испив повеќе од сто чаши, ништо не ми е, тоа е друга работа, во сабота пак доаѓам“, се пофали претседателот на Србија.


Во еден момент на расположениот претседател му пријде советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ и се обиде да му ја одземе чашата. Сепак, тој и ја зема чашата и продолжил да пие вино, пишува Нова.рс.

„Јас само да пробам“, рече Васиљевиќ, која се обиде да ја земе чашата на Вучиќ откако испи една голтка. Вучиќ ја прекина: „Не, не, не...“ и ѝ ја зема назад чашата со вино.


Фото и Видео: Твитер