iSTYLE ја отвори втората продавница во Скопје, во трговскиот центар East Gate

Во саботата, на 20 ноември, iSTYLE – единствениот премиум специјализиран Apple претставник во Македонија, ја отвори втората продавница во Скопје и тоа во East Gate Mall. Оваа продавница е педесет и втора по ред во Централна и Источна Европа, со која  iSTYLE се консолидира и позиционира како регионален лидер за монобренд продавници на Apple, нудејќи најдобро искуство на клиентите во оваа класа во рамките на целосниот екосистем на Apple во наменски физички продавници.

Новата iSTYLE продавница во трговскиот центар East Gate која е дизајнирана и уредена според стандардите на Apple воедно на јавноста ѝ нуди презентација на високотехнолошки Apple производи на површина од повеќе од 77 квадратни метри, со услуга од тим од сертифицирани специјалисти подготвени да дадат индивидуална помош на секој посетител. Како и секогаш, iSTYLE нуди традиционална комбинација на Apple производи, најквалитетни додатоци, како и услуги за клиентите, што стана заштитен знак за овој бренд.

„Премиум монобренд малопродажбата отсекогаш била во сржта на концептот на iSTYLE. За нас е важно да бидеме блиску до нашите клиенти, и продолжуваме да растеме затоа што тие се среќни и континуирано се враќаат во нашите продавници, на нашата веб-страница и во нашиот сервис.“ – изјави генералниот менаџер на iSTYLE Македонија, Трајче Симоновски. „Задоволни сме што и покрај пандемијата и ограничената состојба на посетителите можеме на сите граѓани да им понудиме уште едно пријатно и лесно достапно место каде можат во безбедни услови да го откријат екосистемот на Apple.“ – додаде тој.

Настанот за отворањето на втората продавница iSTYLE донесе среќа за првите посетители кои ги искористија специјалните понуди на избрани производи и уживаа во други изненадувања и подароци. Меѓу Apple производите изложени во продавницата, тие можеа да ги тестираат најновите модели на iPhone 13, долгоочекуваниот Apple часовник од серијата 7, шестата генерација на iPad mini - технолошкото чудо со сензационални перформанси, робустниот и исклучително достапен iPad од деветтата генерација, како и најновите MacBook Pro 14“ и 16“ производи со моќната M1 технологија.

Во новата продавница, меѓу услугите што ексклузивно ги нуди iSTYLE за потрошувачите и компаниите, е пакетот iSTYLE Comfort за Mac лаптопи кој вклучува продолжување на комерцијалната гаранција на производот за една или две години, бесплатен заменски лаптоп за време на сервисирањето, ваучер од 1.500 денари за набавка на додатоци, „еден на еден“ сесија со консултант и помош при лоцирање на Mac производот во случај на негово губење или кражба, по цена која почнува од само 4.990 денари.

За да ги задоволи потребите на клиентите iSTYLE нуди флексибилни можности за финансирање за физички лица во партнерство со неколку банки, како и програма за брза и поволна замена на тековниот уред со нов производ на Apple, по објективна проценка. Дополнително, продавницата iSTYLE во трговскиот центар East Gate ќе ги презема од клиентите производите за кои е потребна верификација или сервисна интервенција, која ќе се врши во iSTYLE премиум центарот за Apple услуги во Скопје.

Повеќе за iSTYLE Македонија

Со отворањето на новата продавница, iSTYLE го удвојува својот белег во Скопје. Имајќи го во својот фокус потрошувачот, малопродажните локации за премиум технологија кои се дизајнирани и изведени со внимание на деталите карактеристични за Apple, континуирано работат на подобрување на понудите за потрошувачите и услугите за клиенти со цел да бидат префериран локален Apple експерт.

iSTYLE, дел од групацијата Midis, е најголемата мрежа на премиум продавници за Apple производи во Централна и Источна Европа. iSTYLE на македонските клиенти им обезбедува услуги со највисок квалитет и стабилност речиси 10 години преку компетентен тим од сертифицирани специјалисти обучени според стандардите на Apple. Првата продавница во Македонија е отворена во City Mall во 2012 година.


ПР објава