Спорт // Спорт
Ивановски за помалку од еден час стигна до нова победа на турнирот во Израел
- 03 Ноември, 2022 13:19

Калин Ивановски игра во суперформа, македонскиот тенисер запиша нова победа, сега на турнирот во Израел.
Ивановски во два сета, 6:2 и 6:1го победи домашниот тенисер Ејал Шјовиц, мечот се играше под еден час, односно заврши по 56 минути.
Во четвртфиналето Ивановски се среќава со четвртиот носител.