Издлабил тиква тешка 400 килограми и во неа се спуштил 60 километри по реката (ВИДЕО)

Двејн Хансен од Небраска постави необичен светски рекорд. Тој веслал џиновска издлабена тиква 61,5 километри по реката Мисури.

Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат како Хансен клечи во џиновска, малку сплескана издлабена тиква, која првично тежела 383 килограми.

Хансен го започна своето спуштање по реката во 7:30 часот наутро, а го заврши попладнето во 18:30 часот.


Можеби изгледа како забавно искуство, но 11-часовната авантура беше прилично исцрпувачка за Хансен.

„Цело време поминав 61,5 километар по реката клечејќи, а колената се‘ уште ме болат. Веројатно нема да го пробам ова пак. Ако некој успее да постави нов рекорд, ќе му се поклонам бидејќи воопшто не е лесно“, изјави Хансен за Ројтерс.


Фото и Видео: Твитер