Изненадување- Мермерниот град: Најскапиот град за живот на светот
Европските
земји сè уште се едни
најскапите во светот, но до
нив се земји и градови на други континенти кои бараат од вас да го подготвите
вашиот паричник добро во нив.
Новото истражување за најскапи градови на светот е направено од „Cost of Living Survey“, кои успеjа да ги издвојат најскапите градови за живеење по дестици параметри. Меѓу десетте, а тие се Хонг Конг (Кина), Токио (Јапонија), Цирих (Швајцарија), Сингапур, Њујорк (САД), Шангај (Кина), Берн (Швајцарија), Женева (Швајцарија), Пекинг (Кина), се најде и Ашгабат, главниот град на Туркменистан и тоа делејќи го првото место со Хонг Конг.
Ашгабат е запишан во Гинисовата книга на рекорди, како град со најмногу бели мермерни згради во светот. Затоа е наречен мермерниот град или градот на белиот мермер.
Некогаш беше црна дупка на Туркменистан, а денес е прекриен со злато и мермер.
„Напорите предводени од туркменската влада за архитектурно преобликување на градот достигнаа спектакуларни размери“, заклучи Крег Глендеј, главниот уредник на Гинисовата книга на рекорди, како што објави Гардијан.
Туркменистан е земја со пристап до Каспиското езеро- море и е богата со резерви на гас, а изгледот на Ашгабат е очигледен пример за тоа како богатството го користи оваа земја.