Во согласност со последната Одлука на Владата за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата, Силк Роуд Банка ги известува сите клиенти на банката дека експозитурите почнувајќи од 24.04.2020 година (петок) ќе работат со ново работно време.
Новото работно време на експозитурите за работа со клиенти е од 08:00 до 16:00 часот, секој работен ден од понеделник до петок.
Сите експозитури на банката ќе работат во согласност со новото работно време, освен експозитурата во Кисела Вода која останува привремено затворена.
Банката препорачува посета на експозитурите само за итни неодложни потреби. Сите потребни контакт информации од експозитурите на банката се достапни на веб страницата на банката – www.silkroadbank.com.mk