Јајце од диносаурус исполнето со кристали: Палеонтолозите тврдат дека припаѓало на тревопасно животно слично на птици

Палеонтолозите во Кина открија три јајца од диносаурус со големина на топка, од кои едното е исполнето со кристали, а интересен е фактот дека припаѓаат на вид на животно што досега не беше познато.

Изворите тврдат дека три јајца од диносаурус биле откопани за време на истражувањето на басенот Кјаншан во источната кинеска провинција Анхуи, но дека во меѓувреме едно од нив е изгубено. Засега останува непознато дали е изгубено, оштетено при ископување или евентуално украдено. По анализата, научниците ги класифицираа како Shikingoolithus kianshanensis - што ги прави новоопишан вид. И тие додадоа дека јајцата имаат речиси сфероидна форма, долги помеѓу 105 и 137 милиметри и широки 99 до 134 милиметри.

Едно од двете јајца е пронајдено делумно оштетено, а како што е наведено во делото, неговата внатрешност била покриена со слој од кристали - калцит. Тие се формираат кога калциум карбонат се одвојува од лушпата на јајцето и се таложи на неговата внатрешна површина.


Студијата од 2014 година објавена во списанието Cretaceous Research сугерираше дека откриените јајца на друг вид Shikingoolithus припаѓаат на орнитоподи, т.е. група тревопасни диносауруси со две нозе кои наликувале на птица и можеле да пораснат до 9 метри. Утврдено е дека тие живееле од средината на Тријас до доцниот креда период, или со други зборови помеѓу 250 и 66 милиони години - кога астероидот Chicxulub удри во Јукатан.

По катаклизмичниот судир, огромни количества сулфур биле „катапултирани“ високо во стратосферата. Сулфурните гасови го заматија Сонцето, што доведе до ладење на нашата планета и до појава на смртоносни кисели дождови, кои го менуваа хемискиот состав на светските океани десетици илјади години. Како резултат на тоа, изумреле околу 75 проценти од растителните и животинските видови на Земјата, вклучувајќи ги и орнитоподите.

Во периодот на креда, на територијата на денешна источна Кина се случиле вулкански ерупции, при што се акумулирало огромно количество талог и се формирал слив, во кој денес можат да се најдат фосили од многу изумрени видови - повеќе од 60 видови растенија. Идентификувани се само во кинеската северозападна провинција Лиаонинг, речиси 90 видови 'рбетници и околу 300 видови без'рбетници. Тие услови се исто така одлични за зачувување на јајца од диносауруси, објаснуваат истражувачите.

Истражувањето беше објавено на 25 август во Journal of Paleontology.

извор:nationalgeographics