Јелена Карлеуша за нејзините груби коментари во шоуто: Мајка ми постојано велеше дека ја боли желудникот кога гледа Ѕвездите на Гранд заради мене
Веднаш по вакцинирањето, српската дива Јелена Карлеуша гостуваше во едно телевизиско шоу. На прашањето на водителот Филип Чукановиќ дали смета дека треба да биде поблага кон натпреварувачите во „Ѕвездите на Гранд“, Карлеуша уште еднаш беше брутално искрена:
- Кога гледам, многу пати ме боли желудникот поради коментар што ми се чинеше реален во тој момент. Без разлика дали е остар или не, тој е секогаш добронамерен и секогаш паметен во смисла дека е добар за шоу-бизнисот затоа што, како што рековте, ги знам сите тајни, рече пејачката како гостин на „Јутро“, и потоа додаде:
- Знаете кој секогаш сметаше дека треба да бидам многу поблага? Мојата мајка. Мајка ми постојано велеше дека желудникот ја боли кога ги гледа Ѕвездите на Гранд поради мене ...