КАДЕ Е БАЛКАНОТ: За Словенците е долу, Хрватите велат Белград, Грците објаснуваат, таму горе, а сите останати...
Видеото на познатиот историчар Славој Жижек го привлече вниманието на Балканот.
Славој Жижек е словенечки филозоф, културен критичар и теоретски психоаналитичар. Тој е познат по неговата интерпретација и надградба на теоријата за психоанализа на Жак Лакан, која ја применил во поп-културата и социологијата. Тој им припаѓа на филозофите на постструктурализмот и припаѓа на групата мислители инспирирани од марксизмот.
Овој историчар објави видео на Јутјуб во кое објаснува каде е Балканот и како различните народи во Европа го доживуваат. Клип од видеото стана вирален на TikTok каде корисниците имаа многу позитивни реакции на неговата теорија.
Своето видео го започна со прашањето: „Па каде е Балканот, ова е стандардна шега, ајде да ја направиме целата теорија“.
„Овде ја имаме Словенија и сите ќе ви кажат дека е долу, пониско (покажува на делот после границата). Ако прашате Хрват каде е Балканот, тој ќе ви каже дека се Централна Европа и католици, а Белград, Србија и православната вероисповед е Балканот. Ако го прашате Србинот ќе ви каже дека некаде Сараево, Косово е вистинскиот Балкан. Сепак, иронијата е што ако одите уште подолу, наеднаш Балканот е горе. Грците, ќе ви кажат: „Ние Грците, водиме потекло од Европа, овде горе се Балканските Планини.
Ако прашате Австриец, каде е Балканот? Ќе рече Словенија, од таму почнува Балканот, примитивци. Ако прашаш Германец, па Австрија, имаа империја, веќе се измешаа со сите, беа балканизирани. Французите ќе ви кажат, па Германија, темни, фашисти... И на крај, Британците ќе ви кажат дека цела Европа денес е голем Балкан, но со бриселската бирократија во новиот Истанбул, и дека Британците се единствено посебни“, вели Жижек во своето видео.