Каде се крие закопаното богатство: Најтаинствениот остров во Европа

Медитеранското море крие мал остров, идеален за криење на богатство, кое таму наводно и се наоѓа. Сепак, тешко е да верувате дека некогаш ќе можете да го ископате...

Имено, островот Монтекристо, кој славен го направи големиот француски писател Александар Дима во својот роман "Grof Monte Kristo" од 19 век, ја чува легендата за закопаното богатство, кое таму го скрил ни помалку ни повеќе туку Црвенобрадиот лично.

Само илјада туристи годишно, или подобро да се кажат, среќници, имаат дозвола да го посетат овој прекрасен рај. 

Точната локација и содржина на скриеното богатство и понатаму се мистерија, а гласините за островот како место на кое се крие пленот започале уште пред стотици години, кога манастирот на островот почнал да стекнува големо богатство. Сепак, гледајќи денес тоа и не е чудно, бидејќи првата капела на островот е изградена уште во седмиот век, а подоцна за луксузот биле заслужни донациите на богатите семејства.

Сепак, некои веруваат дека Црвенобрадиот во своите грабежни походи во 16 век, сите украдени драгоцености ги скрил токму таму.


За секој случај, островот сигурно уште долго ќе биде место на легенда, а ако ви се чита за богатство прочитајте ги авантурите на грофот Монте Кристо во веќе спомнатото ремек дело на светската книжевност.