Како бегале гостите од кафе барот Мош во Скопје кога дошла полицијата (ВИДЕО)

На Твитер се споделува видео за тоа како синоќа од кафе барот Мош во центарот на Скопје бегале гостите кои биле затекнати таму кога во барот интервенирала полицијата. Претходно инспектори на Државниот пазарен инспекторат влегле во објектот кој работел по 21 часот, но дел од гостите одбивале да си заминат па биле извадени со полиција.

Објектот сега е затворен.