Како да бидеме среќни: Златни совети од најсреќниот човек во светот
Кој е најсреќниот човек во светот?
Ако пребарате на интернет, ќе ви излезе името „Матео Рикар“. Маж кој е тибетски монах кој од раѓање е Французин и е определен како „најсреќниот човек во светот.“
Тоа е затоа што учествувал во 12-годишно истражување на мозокот во врска со медитацијата и сочувството, спроведено од неврологот Ричард Дејвидсон од Универзитетот во Висконсин. Дејвидсон му прикачил на главата на Рикар 256 сензори и открива дека кога Рикар медитира, фокусирајќи се на сочувството, има невообичаено чист разум. Еве какви биле резултатите од истражувањето: „Направените скенови откриваат дека кога медитирал, фокусиран на сочувството, мозокот на Рикар емитувал одредено ниво гама бранови (тие се поврзуваат со главите, вниманието, учењето и меморијата), за кои претходно немало ништо во невролошката литература“, вели Дејвидсон. „Резултатите исто така известуваат засилена активност во левиот фронтален дел на мозочната кора, за разлика од десниот дел што му дозволуваат да доживува невообичаено голема доза среќа и намалена склоност кон негативност.“ Рикар, кој вели дека понекогаш медитира со денови без да се фокусира на друго, признава дека воопшто е среќен човек (иако „најсреќниот човек“ е нешто измислено од медиумите и е премногу). Рикар го сподели за„Business Insider“ за време на Светскиот економски форум во Давос својот совет за тоа како луѓето можат да бидат среќни:
Престанете да мислите „јас, јас, јас“
За Рикар одговорот се сведува на алтруизам. Причината за ова е дека мислиш постојано за себе и за тоа како да го подобриш сопствениот живот е исцрпувачки, стресно и во крајна линија доведува до несреќа.
„Тука не станува збор за моралот“, објаснува Рикар. „Само тоа јас, јас, јас цело време е многу досадно. И е прилично несреќно, бидејќи вие гледате на целиот свет како на закана или како на личен интерес (за вас).“ Ако сакате да бидете среќни, според Рикар, треба да се стремите да бидете „добродушни“ што не само ќе се чувствувате подобро, но и ќе ги натерате луѓето околу вас да се чувствуваат подобро. (Ова сепак не значи дека треба да им дозволите на другите луѓе да ги искористат предностите на вас, предупредува Рикар, туку дека треба воопшто да се стремите да бидете добри во рамките на разумното.) „Ако разумот ви е исполнет со посакуванње на добро, тоа ја фаворизира благосостојбата“, вели Рикар. „Значи вие самите сте во многу подобра ментална состојба. Телото ќе биде цврсто, а луѓето ќе гледаат на сето ова како на нешто убаво.“
Тоа звучи одлично во теорија, но како еден човек може да биде алтруист и добронамерен, без да им се овозможи на егоистичните мисли да интервенираат?
Почнете да го вежбате разумот како да тренирате за учество во маратон
Според Рикар секој е способен да има чист разум, бидејќи во секое човечко суштество има потенцијал за добрина (освен ако не сте сериски убиец или пак во мозокот имате нешто хемиски згрешено). Како што еден маратонец сепак, кој треба да тренира пред да трча, може да истрча 42 километри, луѓето кои сакаат да се среќни, треба да го тренираат разумот. Рикар кој го преферира метдот на тернинг е медитацијата.
„Со тренирање на разумот ние секогаш можеме да го зголемиме нивото на среќа“, објаснува Рикар. „Тоа е како трчањето. Ако тренирам, можам да го издржам маратонот. Може да не станам олимписки шампион, но меѓу тоа да тренираш и тоа да не тренираш има голема разлика. Па зошто да не го употребувате и разумот? Смета дека добронамерноста, вниманието, емоционалната рамнотежа и издржливоста се вештини кои можат да бидат дресирани. Значи ако ги споите, би можело да се каже дека среќата е вештина која може да биде тренирана.
И како човек може да го тренира разумот, за да биде посреќен?
Едноставно одделете по 15 минути на ден, за да мислите за среќни нешта
Започнете со помеѓу 10 и 15 минути на ден, вели Рикар. Обично, кога некој се чувствува емоции на среќа и љубов, тоа е краткотрајно, потоа се случува нешто друго и се движи до следната мисла. Наместо тоа сепак Рикар вели дека треба да се концентрираме на тоа да не му дозволиме на разумот да се расејува и да продолжиме да се фокусираме на позитивните емоции во наредниот период.
Ако тренирате секој ден, само две недели подоцна може да почувствувате позитивни ментални резултати. Ако пак го вежбате тоа во текот на 50 години, како што е случајот со Рикар, исто така можете да станете професионалец во однос на среќата.
Ова е поддржано и од научни истражувања. Дејвидсон открива од своето истражување дека дури само по 20 минути медитација на ден како целина може да направат луѓето многу среќни.